Без вода дел од Ѓорче Петров
- Поради уличен дефект на ул. Николај Островски 50, по старо Бертранд Расел во населба Ѓорче Петров, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Ново Село, Волково, Стопански Двор и Орман.

Скопје, 21 јули 2024 (МИА) – Поради уличен дефект на ул. Николај Островски 50, по старо Бертранд Расел во населба Ѓорче Петров, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Ново Село, Волково, Стопански Двор и Орман.
Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:45 до санирање на дефектот. ра/цр
Фото: МИА архива