• вторник, 16 јули 2024

Во Велес реконструирани улиците во центарот на градот, во тек се градежни работи и на други улици

Во Велес реконструирани улиците во центарот на градот, во тек се градежни работи и на други улици

Велес,15 јули 2024 (МИА) - Градежната механизација изминатите денови беше  активна на улиците „Гоце Делчев" и „Страшо Пинџур" во центарот на Велес, каде што заврши асфалтирањето. Како што денеска информираат од Општина Велес,  со тоа улиците во центарот на градот се  целосно опфатени и реконструирани. Средствата се обезбедени од буцетот на Општина Велес.

Најавата на Општина Велес дека овие две улици од еднонасочни ќе бидат пренаменети во  двонасочни предизвика лавина реакции меѓу граѓаните посебно на жителите од станбените објекти на овие улици во центарот на Велес.

Од Општина Велес информираат дека во тек се и реконструиции на други улици и сообраќајници во градот и најавуваат нивно скоро завршување.ад/

Фото: Општина Велес

Остани поврзан