• понеделник, 04 ноември 2024

Во Бразил, судија со помош на ВИ напишал пресуда, тоа било полно со грешки

Во Бразил, судија со помош на ВИ напишал пресуда, тоа било полно со грешки

Рио Бранко, 14 ноември 2023 (МИА) - Бразилски судија користел апликација заснована на вештачка интелигенција, за да напише пресуда за еден судски случај. Тоа потоа се покажало полно со правни грешки.

Националниот судски совет на Бразил, владино тело коешто ја надгледува работата на судството, побара од Џеферсон Родригез - федерален судија од западната сојузна држава Акри, тој да објасни како дошло до тоа неговата казна да е преполна со судски грешки? Судијата признал дека подготовката на судската одлука му ја доверил на негов колега, кој пак, го направил тоа со помош на ВИ-апликацијата „Чет-ГПТ“.

Луѓето од судската власт се правдале и дека така постапиле бидејќи биле преоптоварени со работа.

Националниот судски совет му даде рок од 15 дена да даде поцелосни објаснувања за случајот. Овој настан се смета за прв од ваков вид во Бразил.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан