• понеделник, 23 декември 2024

Џејмс ван дер Бик има рак на дебелото црево

Џејмс ван дер Бик има рак на дебелото црево

Лос Анџелес, 4 ноември 2024 (МИА) - На американскиот глумец Џејмс ван дер Бик, му бил дијагностициран рак на дебелото црево, пишува „Пипл“ (People).

- Имам рак на дебелото црево. Со оваа дијагноза се справувам лично и правам сѐ за да оздравам, со поддршка од моето неверојатно семејство. Се чувствувам добро и имам причина да бидам оптимист, изјави 47-годишниот американски глумец.

Глумецот го минува слободното време со неговата сопруга Кимберли ван дер Бик и нивните шест деца: Оливија, Џошуа, Анабел, Емилија, Гвендолин и Џеремаја.

И покрај дијагнозата, Ван дер Бик неодамна продолжи да работи. Се појави во една епизода на ТВ-серијата „Вокер“, а наскоро треба да излезе и филмот „На клупата: Кју-Би и јас“ (Sidelined: The QB and Me), каде што тој, исто така, глуми. Во декември, тој треба ќе се појави и во специјална емисија за подигање на свеста за ракот на простата, тестисите и дебелото црево.

Ван дер Бик е можеби најпознат по неговата улога како Досон Лири во тинејџерската ТВ-серија  „Светот на Досон“ (Dawson's Creek) (1998 - 2003), којашто му донесе светска слава.  си/сд/

Фото: EПА

Остани поврзан