• петок, 17 мај 2024

Во Битола се одбележува 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Во Битола се одбележува 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Битола, 23 октомври 2023 (МИА) - Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола промовира изложба на книги посветени на македонската револуционерна борба. Во изложбениот салон на Библиотеката, поставени се дела за македонските револуционери Гоце Делчев, Даме Груев, историски документи и прилози од македонски автори.

Централната свеченост по повод државниот празник 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, ќе се одржи вечер во свечената сала на битолскиот Офицерски дом.

Од Културен информативниот центар информираа дека за публиката во Битола ќе биде отворена изложба „Лица на револуцијата“ од авторите Диме Ратајковски и Душко Апостоловски, а во кино „Манаки“ ќе биде промовирана книгата „Фитилот догорува“ на писателот и драматург, Зоран Пејковски. мт/мч/

фото: КИЦ-Битола

Остани поврзан