• сабота, 20 април 2024

Во беровско Русиново завршија Трујчинденските Русински средби 2023

Во беровско Русиново завршија Трујчинденските Русински средби 2023

Берово, 4 јуни 2023 (МИА) - Со голема општо-народна веселба во беровското село Русиново заврши тридневната манифестација Трујчинденски Русински Средби 2023. Настанот се организира во чест на празникот Св.Троица, со богата културно-уметничка програма подготвена од страна на организаторите.

-Најпрвин да им ја честитам славата на жителите на село Русиново. Добро е што луѓето ги забавуваа музичари од овој крај, Златко Мадевсски и Малешевски Мерак кои знаат што сака народот, а тука сме јас и колешката Зроица, така што беше навистина убаво да се биде дел од овој настан. Покана до сите коипотекнуваат од овој крај наредната година да дојдат во што поголем број, истакна естрадниот уметник Душко Георгиевски.

Во рамки на тридневната манифестација беше организиран и трунир во мал фудбал со богати награди за учесниците. 

-Благодарност до сите спонзори кои помогнаа без кои оваа манифестација немаше да се одржи. Што се однесува до посетеноста задоволни сме бидејки имаше народ и од други места, не само од Русиново. Поздрав до сите кои не дојдоа кои ги покануваме да дојдат следната година, додадоа организаторите.

Манифестацијата Трујчинденски Русински Средби се организираше со поддршка на Општина Берово, Зегин и повеќе локални фирми и помагатели. вс/

 

Фото: МИА

Остани поврзан