• сабота, 18 мај 2024

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење
Скопје, 12 септември 2022 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 52 мерни места во градот. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 5-ти до 9 септември зеде 169 примероци за физичко-хемиска и 169 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 52 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП Водовод и канализација. Овие информации од јавното претпријатие ги објавува рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. сст/са/      

Остани поврзан