• петок, 17 мај 2024

Вкупно 109 единици крв собрани во крводарителска акција во Кавадарци 

Вкупно 109 единици крв собрани во крводарителска акција во Кавадарци 

Кавадарци, 11 декември 2023 (МИА) - Вкупно 109 единици крв беа собрани во денешната доброволна крводарителска акција во Кавадарци, во организација и соработка на навивачката група „Лозари исток", Црвен крст Кавадарци и екипа на ИТМ Скопје. Крводарителската акција се одржа во зградата на локалната самоуправа. 

- Станува збор за најмногубројна крводарителска акција во Кавадарци во 2023 година. Акцијата е традиционална и бројката секоја година се движи над 100 реализирани единици крв. Годишниот план за крводарителство на Црвен крст Кавадарци, по број на жители на двете општини, Кавадарци и Росоман, изнесува 1184 единици крв, план реализиран уште во јули месец. До крајот на оваа 2023  година се очекува бројката да биде околу 2500 реализирани единици крв, со што повторно би се нашле во редот на најуспешните, рече за МИА, Димитар Каракулев, претседател на Црвен крст Кавадарци. 

Задоволство изразија и од навивачката група. 

- Успешно реализирана единаесетта крводарителска акција под мотото „Навиваме за живот - донираме за живот" на која беа собрани 109 единици крв благодарение на сите оние хумани навивачи, но и кавадарчани кои ги делат истите идеали со нас. Кавадарци било и ќе биде хумано!, напишаа од навивачката група „Лозари Исток Кавадарци" на Фејсбук. свд/ев/

Фото: Црвен крст Кавадарци 

Остани поврзан