• понеделник, 23 декември 2024

Вицепремиерот Битиќи се сретна со новоименуваниот литвански амбасадор Борисовас

Вицепремиерот Битиќи се сретна со новоименуваниот литвански амбасадор Борисовас

Скопје, 25 јануари 2024 (МИА) - Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска се сретна со Едуардас Борисовас, новоименуван амбасадор на Република Литванија во Република Северна Македонија, со седиште во Загреб.

Како што информира владината прес-служба, новоименуваниот амбасадор Борисовас го информираше вицепремиерот Битиќи за евроинтегративниот пат на Литванија и нејзиното позитивно искуство со овој процес, пред се во делот на економијата, што од страна на соговорниците беше оценето како искуство кое може да се искористи и за евроинтегративните процеси на Северна Македонија.

На средбата од двете страни беше истакнато дека одличните политички односи помеѓу Литванија и Северна Македонија треба да бидат основа за отворање на нова ера во односите помеѓу државите во делот на развој на економските односи, унапредување на трговската размена и зголемување на довербата помеѓу бизнис заедниците.

Енергетиката, со посебен акцент на транзицијата кон обновливи извори на енергија, иновативните технологии и ИКТ индустријата беа оценети како сектори во кои постојат добри и реални можности за продлабочување на економските врски помеѓу две земји. мч/аа/

фото: Влада на РСМ

Остани поврзан