• четврток, 16 мај 2024

Винисиус стави лајк на информацијата за трансфер на Мбапе во Реал

Винисиус стави лајк на информацијата за трансфер на Мбапе во Реал

Мадрид, 4 февруари 2024 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор одговори на постот за трансфер на Килијан Мбапе од ПСЖ во мадридскиот клуб.

Постот за трансферот на 25-годишниот Французин се појави на шоу-профилот „Sneaker Shopping“ на социјалните мрежи.

-Две легенди на „Sneaker Shopping“ наскоро ќе се здружат на Сантијаго Бернабеу, стои во објавата, која ги означи профилите на Мбапе и Винисиус.

На 23-годишниот Бразилец му се допадна објавата и ја лајкуваше.

Претходно медиумите објавија дека Винисиус е против трансферот на Мбапе во Реал Мадрид и наводно се заканил дека ќе го напушти клубот доколку дојде до овој трансфер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан