• вторник, 07 мај 2024

Викендов се игра 21 коло во ПМФЛ

Викендов се игра 21 коло во ПМФЛ

 

Скопје, 1 март 2024 (МИА) – Со натпреварите од 21 коло викендов продолжува Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во кое дербито се игра во Тетово меѓу Шкендија и Вардар.

Лидерот Шкупи е домаќин на Тиквеш, додека актуелниот шампион Струга му гостува на Силекс во Кратово.

Во преостанатите три натпревари се среќаваат Гостивар – Брера, Македонија ЃП – Воска и Работнички – Брегалница.

Сите шест натпревари се на програмата в недела со почеток во 14 часот. 


На табелата води Шкупи со 42 бодови, еден повеќе од второпласираната Струга, а три повеќе од Шкендија на третото место. ег ФОТО: МИА

Остани поврзан