• понеделник, 15 јули 2024

Ветеран комунист нов премиер на Непал

Ветеран комунист нов премиер на Непал

Катманду, 15 јули 2024 (МИА) – Комунистичкиот политичар Кадга Прасад Шарма Оли (72) денеска е назначен за нов премиер на Непал.

Назначувањето дојде неколку дена откако неговиот претходник Пушпа Камал Дахал загуби на парламентарните избори.

Претседателот Рамчандра Паудел го назначи Оли, шеф на Комунистичката партија на Непал, за 14-ти премиер на земјата откако во 2008 година беше укината монархијата стара 239 години.

Оли, умерен комунист, потпиша трговски и транзитен договор со Кина за време на неговиот прв мандат како премиер од 2015 до 2016 година, со што стави крај на индискиот монопол врз надворешната трговија на Непал.

Развојот на политичките настани во Непал внимателно го следат Кина и Индија, кои и обезбедуваат на земјата голема развојна помош, како и инвестиции во инфраструктурата, натпреварувајќи се за геополитичко влијание. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан