• петок, 17 мај 2024

Верстапен ја освои петтата пол-позиција по ред

Верстапен ја освои петтата пол-позиција по ред

Силверстоун, 8 јули 2023 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, петти пат по ред беше најбрз во квалификациите за Формула 1.

 

Холанѓанецот попладнево во квалификациите за Големата награда на Велика Британија стигна до седмата пол-позиција оваа сезона и 27-ма во кариерата. Верстапен го престигна двократен светски шампион Мика Хакинен во вкупните пол-позиции и се искачи на десетто место во историјата.

 

Ред Бул освојува шест пол-позиции по ред и девет од десет во квалификации во 2023 година.

 

Второто место му припадна на Ландо Норис од Мекларен. Од 3 – 10 место се пласираа: Пјастри, Леклер, Сајнц, Расел, Хамилтон, Албон, Алонсо и Гасли.

Главната трка за британското Гран при во Формула 1 ќе почне утре од 16 часот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан