• четврток, 02 мај 2024

Велосипедски ден во Струга во организација на Critical Mass

Велосипедски ден во Струга во организација на Critical Mass

Струга, 29 септември 2023 (МИА) - Во организација на Critical Mass Struga в петок низ струшките улици ќе се одржи велосипедски ден.

Велосипедистите, како што соопшти организаторот ќе тргнат од Градскиот плоштад во Струга во 16 часот и 30 минути и ќе возат низ улиците „Туристичка“, „Маркс и Енгелс“, „Партизанска“, „Кеј Борис Кидрич“, „15-ти Корпус“, „Владо Малески“, „Пролетерска бригада“ и „Боро Хаџиески“, во вкупна должина од пет километри.

- Ова е нова традиција во нашиот регион во организација на „Critical Mass Struga“. Ќе се собереме на градскиот плоштад и ќе возиме низ улиците во Струга. Ова е само почеток на една стара традиција, која ќе се повторува секој месец, информираат организаторите.

Целта на активноста, посочуваат, е подигање на свеста кај возачите и да се зголеми желбата на граѓаните за велосипедизмот, Струга да биде пример за поеколошки град. сс

Фото: ФБ на Critical Mass Struga

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан