• вторник, 18 јуни 2024

Велешките матуранти веќе неколку дена ја бојкотираат наставата барајќи укинување на државната матура

Велешките матуранти веќе неколку дена ја бојкотираат наставата барајќи укинување на државната матура
Велес, 18 декември 2020 (МИА) - Веќе неколку дена матурантите од сите четири средни училишта во Велес ја бојкотираат наставата односно не се вклучуваат на онлајн часовите и не доаѓаат на училиште за практична настава. Тие имаат само едно барање, да се укине државната матура, информира на денешниот прес градоначалникот Аце Коцевски. Тој информира дека од страна на училиштата се  превземени сите мерки: одржани се вонредни родителски средби, Совет на родители, разговори со претседател и членови на училишна заедница. -Сите родители се известени, постои редовна комуникација со класните раководители на завршните паралелки и редовно се одржуваат координативни состаноци, информира Коцевски. Додаде и дека и директорите на училиштата веќе одржале состанок со Министерката за образование и наука Мила Царовска која им дала јасни насоки и искажала цврст став дека матурата ќе продолжи да опстојува како и досега, но со суштински промени. Имено оваа година матурантите учат според скратена програма и на матурата учениците ќе работат според поедноставени прашања. Матурата ќе се одвива физички со редуциран број на ученици во една група. -Не е добро да се укине матурата затоа што со тоа се обезвреднува дипломата од средното училиште и без неа не се заокружува тој цилкус на образование. Без матурски испит учениците не  можат да се запишат во странство и не им се признаваат во целост испитите од средното образование, појасни Коцевски. Тој информира дека по овие насоки, делумно учениците веќе почнале да се вклучуваат на настава, а  голем дел од матурантите веќе и  ги пополниле пријавите за полагање на матурски испит. ад/аа/

Остани поврзан