• понеделник, 25 ноември 2024

Тошковски – Ониди: Наша цел е членство во ЕУ преку исполнување на критериумите и целосно владеење на правото

Тошковски – Ониди: Наша цел е членство во ЕУ преку исполнување на критериумите и целосно владеење на правото

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски коj присуствува на министерската конференција во рамки на „Салзбуршкиот форум“  во Австрија, денеска на маргините на конференцијата остварил средба со Оливер Ониди, заменик генералниот директор на Генералниот директорат за миграција и внатрешни работи при Европската комисија.

Министерот Тошковски, како што соопшти МВР, на средбата истакнал дека нашата цел како држава е членство во ЕУ преку исполнување на сите критериуми и целосно владеење на правото. дма/бак

Фото: МВР

Остани поврзан