• четврток, 14 ноември 2024

Мицкоски - Агелер: Зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката

Мицкоски - Агелер: Зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер. На средбата биле разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата, информираат попладнево од владината прес-служба.

Мицкоски ја истакнал важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот.

- Амбасадорката Агелер ја потврди посветеноста на САД за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период. Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес, пишува во соопштението на владината прес-служба. бд/дма/

Фото: Прес-служба на Влада

Остани поврзан