• петок, 17 мај 2024

Ванковска: Ако Канада има само државно здравство зошто да нема и Македонија

Ванковска: Ако Канада има само државно здравство зошто да нема и Македонија

Скопје, 14 март 2024

Интегрален дел од интервјуто на кандидатот за претседател на Левица - проф. Билјана Ванковска.

„Јас сум за воспоставување целосно на јавен/државен систем на здравствена заштита. Ако една Канада има само државно здравство, тогаш по што е Македонија толку покапиталистичка и полиберална? Кое е фајдето за човекот? Уништувањето на јавното здравство има катастрофални последици и за поединците и за општеството: сега сме поделени на тие што имаат пари да си обезбедат поквалитетна здравствена заштита, и тие што мораат да одат во руинирани државни објекти. Да не зборувам за „миграцијата“ на здравствениот кадар за повисоки плати кон приватното здравство, па и во насока на напуштање на земјата (главно заминување во Германија или Хрватска).

Само јавното здравство се заснова на принципите на солидарност и хуманост, односно еднаквост на човечкиот живот и здравје. Сите издвојуваме за здравствениот фонд, а добиваат тие на кои заштитата им е нужна, поради хронични или акутни заболувања, повреди, попреченост.

Конечно, се надевам дека како општество ќе имаме сили СИСТЕМСКИ да го решиме проблемот со урнисаното здравство, да обезбедиме достоинствена положба на медицинските лица и установи (условите во кои работат се очајна приказна сама по себе), но и на пациентите – кои и да се, кога и да им треба помош од заедницата и од струката“.

 

Сектор за медиуми и односи со јавност на Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан