• недела, 19 мај 2024

Валенсија може да го врати Димитриевиќ кој игра за УНИКС на позајмица

Валенсија може да го врати Димитриевиќ кој игра за УНИКС на позајмица

Валенсија, 10 јануари 2023 (МИА) - Валенсија ја разгледува опцијата во тимот да го врати македонскиот кошаркар Ненад Димитриевиќ. Ова информација ја објави шпанскиот новинар Жерар Соле.

Учесникот во Евролигата може да го врати Димитриевиќ, бидејќи во моментов има сериозни проблеми со организацијата на играта.

Дваесет и четиригодишниот Димитриевиќ игра за УНИКС на позајмица.

Македонецот во натпреварите од ВТБ лигата има просек од 11,8 поени и 6,3 асистенции по натпревар. зс/

Остани поврзан