• сабота, 18 мај 2024

Бушман: Построгите закони не се доволни за да се спречи политичкото насилство

Бушман: Построгите закони не се доволни за да се спречи политичкото насилство

Берлин, 10 мај 2024 (МИА) – Построгите казни нема да бидат доволни за да се спречи растечката агресија врз политичарите, изјави германскиот министер за правда Марко Бушман.

- Обидот да се реши социјалниот проблем на општата брутализација на политичките дебати само со помош на кривичното право ќе биде неуспех, изјави за ДПА политичарот од либералната Слободна демократска партија, најмалиот партнер во владејачката трипартиска коалиција.

Сепак, тој е подготвен да ги разгледа предлозите на федералните провинции во областа на кривичното право.

Сојузниот министер за внатрешни работи и државните министри за внатрешни работи во вторникот одржаа видео-конференција по бруталниот напад врз водечкиот кандидат за европските избори во Саксонија на германската Социјалдемократска партија (ГСДП), Матијас Еке.

Во заедничката резолуција, министрите за внатрешни работи побараа од министрите за правда што е можно поскоро да истражат дали „конкретната неправда што може да се види во фактот дека ваквите напади се закана за демократијата“ веќе е доволно рефлектирана во кривичното право. Исто така, треба да истражи дали „е кривично дело намерно ширење дезинформации со цел да се влијае на изборите или да се зголеми насилството“.

ДПА потсети дека зачестуваат нападите врз политичарите во Германија. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан