• понеделник, 13 мај 2024

Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228

Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228

Најроби, 5 мај 2024 (МИА) – Бројот на жртвите од поплавите што ја погодија Кенија поради обилните дождови се зголеми на 228, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на земјата.

Дождовите кои предизвикаа големи поплави и лизгање на земјиштето низ земјата во последните недели се очекува месецов да се интензивираат.

Поплавите уништија домови, патишта, мостови и друга инфраструктура низ најголемата економија во Источна Африка. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан