• четврток, 16 мај 2024

Брнабиќ: Границата меѓу Република Српска и Србија на денот на изборите ја минале 20.368 луѓе

Брнабиќ: Границата меѓу Република Српска и Србија на денот на изборите ја минале 20.368 луѓе

Белград, 20 декември 2023 (МИА) - Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека во текот на целата предизборна кампања било сосема јасно дека опозицијата од изборната листа „Србија против насилството“ подготвува протести. За обвинувањата дека во Белград биле донесени да гласаат луѓе од Република Српска, таа рече дека тој ден границата ја минале вкупно 20.368 лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ на ТВ Пинк изјави дека дел од опозицијата се обидува да дојде до власт преку револуција на улица.

Коментирајќи ги обвинувањата на опозицијата за гласањето на граѓаните од Република Српска (околу 40.000 лица и аферата со Арена), Брнабиќ рече дека тие се државјани на Србија.

- Исто како некој кој е државјанин на Србија и живее во Лондон 15, 20 или 25 години, има право да гласа и гласа. И тие се горди на тие гласови, но кога ќе гласа некој од Република Српска кој практично живее таму, тогаш не може, посочи Брнабиќ.

Според неа, на денот на изборите границата меѓу Република Српска и Србија ја минале 20.368 лица.

- Цел тој ден на 17 декември границата ја минале 20.368 лица. И тоа се странци, многумина од нив немаат наше државјанство, а голем дел од нив се деца. Значи разбирате дека сето ова нема врска со реалноста, објасни Брнабиќ.

Брнабиќ посочи дека опозицијата се уште нема поднесено приговор за регуларноста на изборите, ниту до Градската изборна комисија, ниту до Републичката изборна комисија.

- Тие луѓе не знаат што е записник, не знаат дека нивните членови на изборните комисии го потпишуваат записникот само кога се согласни со него, а ако видат неправилности - не ги потпишуваат. Не знаат ниту колку гласови добија (милион, милион и пол, а добија 869.000). И навистина не им е грижа, напиша Брнабиќ на социјалната мрежа Икс.

Според податоците на Републичката изборна комисија, избирачкиот список на СНС „Србија не смее да запре“ освоила 46,46 отсто, односно 1.774.025 гласови, додека листата „Србија против насилството“ добила 23,69 отсто, односно 900.768 гласови. об/паг/

Остани поврзан