• среда, 01 мај 2024

Брегот на Слоновата Коска противник на Нигерија во финалето на Африканскиот куп на нации

Брегот на Слоновата Коска противник на Нигерија во финалето на Африканскиот куп на нации

Абиџан, 8 февруари 2024 (МИА) – Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска ќе игра во финалето на Африканскиот куп на нации, откако синоќа во второто полуфинале го совлада ДР Конго со 1:0.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Себастијан Але во 65. минута.

Противник на домаќинот на турнирот во големото финале ќе биде селекцијата на Нигерија која претходно забележа победа над Јужна Африка по изведување пенали.

Финалето е закажано за в недела (11 февруари) во 21 часот. Ден претходно е дуелот за третото место меѓу репрезентациите на ДР Конго и Јужна Африка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан