• сабота, 18 мај 2024

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро ќе ја признаат Палестина

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро ќе ја признаат Палестина

Брисел, 10 мај 2024 (МИА) – Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро официјално ќе ја признаат државата Палестина, што би можело да ги поттикне и другите земји од ЕУ да го сторат истото, изјави денеска високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Тој потврди дека добил гаранции од шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес дека Мадрид официјално ќе ја признае Палестина на 21 мај. Борел рече дека Белгија сега нема да ја признае „независна Палестина“, но оти Брисел „не ја исклучува“ таа можност во иднина, пренесува шпанска РТВЕ.

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, вчера изјави дека словенечката влада ја почнала процедурата за „признавање на независна, суверена држава Палестина“.

Фајон објасни дека одлуката на словенечката влада се заснова на „границите меѓу Израел и Палестина од 1967 година, што значи дека територијата на Палестина би ги опфаќала Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан