• недела, 22 декември 2024

Блинкен утре заминува за Израел во обид да посредува за прекин на огнот во Газа

Блинкен утре заминува за Израел во обид да посредува за прекин на огнот во Газа

Вашингтон, 16 август 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен утре заминува за Израел во обид да посредува за прекин на огнот во Појасот Газа, се наведува во соопштението од Стејт департментот.

Ова е втората посета на Блинкен на Блискиот Исток од почетокот на војната на 7 октомври минатата година. Посредниците објавија „извесен напредок“, но Хамас изрази резервираност. Израел, од своја страна, изрази надеж дека палестинското исламистичко движење ќе биде принудено под меѓународен притисок да се согласи на договор.

Блинкен утре ќе замине за Израел и ќе бара „да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците (држани од Хамас во Газа) и (палестинските) затвореници преку компромисниот предлог“ презентиран денеска од САД на разговорите во главниот град на Катар, Доха, се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент.ссм/

фото: архива

Остани поврзан