• недела, 05 мај 2024

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

Вашингтон, 26 април 2024 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан