• петок, 14 февруари 2025

Белата куќа испрати откази до обвинители назначени од Бајден

Белата куќа испрати откази до обвинители назначени од Бајден

 
Вашингтон, 14 февруари 2025 (МИА) - Белата куќа испрати писма со откази до неколку јавни обвинители ширум САД, назначени од демократскиот претседател Џо Бајден.

„По наредба на претседателот Доналд Џеј Трамп,   ве известам дека вашата позиција како американски обвинител е прекината, што стапува на сила веднаш“, се вели во е-пошта од заменик-директорот на Канцеларијата за претседателски персонал во Белата куќа. Неколку американски обвинители од Сиетл до Мериленд ги напуштија своите позиции, иако не е јасно дали сите добиле известувања за откази од Белата куќа. зш/

Остани поврзан