Германската министерка за надворешни работи скептична за предлогот на Трамп за враќање на Русија во Г7
- Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изрази сериозни резерви за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја врати Русија во Групата седум (Г7) водечки економии, јави ДПА.
![Германската министерка за надворешни работи скептична за предлогот на Трамп за враќање на Русија во Г7](https://mia.mk/images/20250214190059_big_730x400_9.webp )
Минхен, 14 февруари 2025 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изрази сериозни резерви за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја врати Русија во Групата седум (Г7) водечки економии, јави ДПА.
- Како партнери во Г7, во последните три години постојано порачувавме дека не може да има нормална соработка со оваа Русија, со Русија на (претседателот Владимир) Путин, по оваа брутална, целосна инвазија“, изјави денеска Бербок на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Сепак, таа додаде: „Ако сите ние повторно зачекориме по патот кон мирот и оваа агресивна политика се промени, тогаш тоа природно би значело и дека може да ја обновиме соработката во различни области.“
Бербок истакна дека ги поддржува сите искрени напори за мир во Украина, вклучувајќи ги и евентуалните преговори што Трамп сака да ги иницира со Путин за крај на војната. Но, таа нагласи дека Западот мора да продолжи со силен притисок врз Русија.
- Ако сега се отвори пат кон мир, тогаш целиот свет, а особено Европа, ќе здивне со олеснување, рече таа.
Русија беше исфрлена од тогашната Г8 во 2014 година по анексијата на Крим, по што групата беше преименувана во Г7.
Освен Германија и САД, во Г7 членуваат и Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Јапонија. ссм/
фото: ДПА