• петок, 05 декември 2025

Макрон го критикуваше трговскиот договор меѓу ЕУ и САД

Макрон го критикуваше трговскиот договор меѓу ЕУ и САД

Париз, 30 јули 2025 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше трговскиот договор што го постигнаа Европската унија и САД.

- За да бидете слободни, мора да се уплашите. Не се плашевме доволно, изјавил тој пред министри, пренесуваат француски дипломати.

Иако договорот нуди поголема „видливост“ за француските компании, Макрон рече дека тоа е само прв чекор и оти преговорите за него ќе продолжат.

- Сега е поважно од кога било да се забрза европската агенда за суверенитет и конкурентност, изјави Макрон. јт/

Фото: Макрон на Х

Остани поврзан