Германскиот министер за одбрана со остри критики за потпретседателот на САД
- Германскиот министер за одбрана Борис Писториус остро ги критикуваше изјавите на потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, нарекувајќи ги „неприфатливи“.
![Германскиот министер за одбрана со остри критики за потпретседателот на САД](https://mia.mk/images/20250214175855_big_730x400_58.webp )
Минхен, 14 февруари 2025 (МИА) - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус остро ги критикуваше изјавите на потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, нарекувајќи ги „неприфатливи“.
Тој тврди дека Ванс ја споредил германската демократија со авторитарен режим. Американскиот потпретседател претходно ја нападна Германија поради, како што наведе, рации против нејзините граѓани кои објавувале антифеминистички коментари.
- Ова не е прифатливo, изјави Писториус. - Toa не е демократијата што ја гледам секој ден во парламентот. Во нашата демократија, секое мислење e важно, посочи германскиот министер. - Но, демократијата не значи дека гласното малцинство автоматски е во право. Тие не можат да одлучуваат што е вистина.
Писториус подвлече дека е горд што живее во Европа, „каде што демократијата се брани од внатрешни и надворешни непријатели“.
Осврнувајќи се на ситуацијата во Украина, германскиот министер порача дека „кршлив мир што само го одложува војувањето не е опција“.
Говорите за украински отстапки кон Русија во рамки на евентуални преговори предизвикаа загриженост дека Минхенската безбедносна конференција би можела да има слично сценарио како спогодбата од 1938 година, кога Германија на Хитлер доби дел од Чехословачка во обид да се избегне војна – но Втората светска војна започна само една година подоцна, пишува Скај Њуз. ссм/
фото: ЕПА