• среда, 26 јуни 2024

Без струја утре делови од општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода

Без струја утре делови од општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода

Скопје, 4 јуни 2024 (МИА) - Поради технички зафати во електро - дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче во општина Аеродром.

Од 09 до 10 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Финска“ во населба Ченто, општина Гази Баба, од 09 до 13:30 часот корисниците од дел од ул. „Никола Вукмировиќво“ во населбата Ѓорче Петров, а од 09 до 14 часот корисниците од дел од ул. „Киро Фетак“во населба Драчево, општина Кисела Вода. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан