• недела, 19 мај 2024

Бајден ќе се сретне со кралот на Белгија на 15 јуни

Бајден ќе се сретне со кралот на Белгија на 15 јуни

Брисел, 3 јуни 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден ќе претстојува во Белгија на 14 и 15 јуни, а предвидена е средба и со кралот Филип, јави дописничката на МИА од Брисел.

Кралот на Белгија ќе го придружува премиерот на земјата, Александер Де Кро, на оваа прва средба со американскиот претседател, што ќе се одржи на 15 јуни во кралската палата во Брисел.

Бајден ќе биде во посета на земјата на 14 и 15 јуни каде ќе учествува на Самитот на НАТО, а на вториот ден ќе учествува на Самитот ЕУ-САД. тм/ми/

Остани поврзан