• петок, 05 јули 2024

Бајден планира да се кандидира на изборите во 2024 година

Бајден планира да се кандидира на изборите во 2024 година

Вашингтон, 10 април 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден (80) денеска изјави дека планира да се кандидира за претседател во 2024 година, но дека „сè уште не е подготвен да го објави тоа“.

За време на неформален разговор при велигденската церемонија во Белата куќа, на новинарско прашање на колку настани има намера да учествува во претседателската резиденција, тој рече дека планира да се кандидира за функцијата.

Планирам да се кандидирам, но сè уште не сме подготвени да го објавиме тоа, истакна Бајден.

И покрај нискиот рејтинг на Бајден, демократите посочија дека сите се за кандидатурата за реизбор на Бајден дури и пред тој официјално да ја објави својата намера. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан