• петок, 17 мај 2024

Баер без пораз ниту по 30.натпревар оваа сезона

Баер без пораз ниту по 30.натпревар оваа сезона

Леверкузен, 7 февруари 2024 (МИА) - Тимот на Баер Леверкузен остан непоразен ниту по 30. натпревар во тековната сезона. 

Избраниците на тренерот Чаби Алонсо синоќа го победија Штутгарт со 3:2 во четвртфиналето од Купот на Германија. Баер губеше со 0:1 и 1:2, но на крајот извојува победа со гол постигнат во 90. минута.

Така „Фармацевтите“ стигнаа до 26 победа од почетокот на сезоната во која имаат и четири нерешени натпревари. Тие во Бундеслигата имаат 16 победи и четири нерешени, во Купот на Германија забележаа четири победи, а шест пати се радуваа во Лига Европа.

На 10 февруари лидерот во Бундеслигата ќе му гостува на Баерн Минхен кој е на второто место со заостанување од два бода. зс/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан