• четврток, 16 мај 2024

Ахмети за инцидентот на Косово: Сериозна провокација со однапред одредена агенда

Ахмети за инцидентот на Косово: Сериозна провокација со однапред одредена агенда

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчерашниот инцидент на Косово го означи како сериозна провокација, која е намерно направена и има однапред одредена агенда.

Тој на Фејсбук објави дека смртоносниот напад врз косовската држава и полицијата е напад врз мирот, стабилноста и безбедноста на целиот регион.

-Најостро го осудувам нападот врз косовската полиција и убиството на полицаецот, како и ранувањето на други лица на северот на Косово. Оваа сериозна провокација е намерна со однапред одредена агенда, па затоа треба да се менаџира со ладнокрвност и мудрост, бидејќи последиците може да бидат регионални, односно да се одразат врз мирот и стабилноста во регионот, објави Ахмети.

Нагласи дека овие случувања се неприфатливи и дека е потребна итна координацијата и соработката со меѓународната заедница, за да се гарантира мирот и независноста на Косово. 

-Потребна е итна акција за гаснење на убиствениот пожар кој има за цел проширување и вклучување на земјата и регионот.  Изразувам искрено сочувство до семејството на жртвата и брзо закрепнување на повредените, напиша Ахмети. ац/аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан