• петок, 17 мај 2024

Асфалтирање повеќе улици во Куманово 

Асфалтирање повеќе улици во Куманово 

Куманово, 19 март 2024 (МИА) - Повеќе улици се реконструираат во Куманово, соопштија денеска од Секторот за комунални дејности. Улиците во неколку населби и урбани заедници се асфалтираат согласно развојната програма на општината за тековната година. Во моментов привршува асфалтирањето на улиците „Драги Шутевски“ и „Петар Дрпшин“, дел од населбата „Тоде Мендол“.
Бекатон е поставува на неколку улички во населбата „Иго Тричковиќ“. Повеќе улици се асфалтираат и во населбата „Вера Которка“ и Доброшане.

- Во тек е асфалтирање на улицата „208“ во населба Карпош, информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Договорите со избраните компании се склучени во јануари и февруари годинава. Асфалтирањето го извршува градежна компанија од Куманово, за поставување бекатон се задолжени две компании, градот е поделен на два дела за поефикасно изведување. Освен во приградските населби, бекатон коцки се поставуваат и во централно градско подрачје и во Куманово. ам/дма/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан