• недела, 22 декември 2024

Честитка Гаши по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик

Честитка Гаши по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска упати честитка по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик.

- Во име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во лично име, ви го честитам 5 Ноември - Меѓународниот ден на ромскиот јазик. Одбележувањето на овој датум значи дополнителна промоција на културната и на јазичната различност во нашата држава, како мултиетничко и мултикултурно општество, создадено од посебности кои создаваат синергија, напиша Гаши во честитката.

Од генерација на генерација, зборувајќи го насекаде низ светот, додава претседателот на Собранието, Ромите го пренесуваат низ историјата својот јазик, кој претставува културна врска меѓу различните ромски заедници во Европа.

-Ромскиот јазик е нераскинлив дел од идентитетот на ромскиот народ и сведоштво за историјата на оваа заедница. Преку јазикот, Ромите ја искажуваат и својата уникатна култура, која ја збогатува културна ризница во светот, во Европа и во Северна Македонија, напиша Гаши во честитката по повод 5 Ноември - Меѓународниот ден на ромскиот јазик. сст/aa/

фото МИА архива

Остани поврзан