• недела, 22 декември 2024

Две лица приведени во зградата на Општина Тетово поради закани кон вработен

Две лица приведени во зградата на Општина Тетово поради закани кон вработен

Тетово, 5 ноември 20224 (МИА) - СВР Тетово информираше дека денеска биле приведени две лица кои се заканувале на вработен во Општина Тетово. Според СВР Тетово, лицата се осомничени за кривично дело „загрозување сигурност“.

-Денес (05-ноември) на улица „ЈНА“ во објектот на општина Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода К.И.(34) и А.А(38), двајцата од Тетово, поради основано сомнение дека  извршиле кривично дело „загрозување на сигурност“  по член 144 од Кривичниот законик. Според пријавеното,  тие околу 14.20 часот се заканувале на Л.М., вработен во општина Тетово.Тие се задржани во полициска станица, информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок. ас/мд/

фото: МИА архива 

Остани поврзан