Мицкоски во посета на црквата Св. Никола во Њу Џерси
- - Мојот приоритет е да ја одржиме врската со Македонците ширум светот. Освен посветеноста, работливоста, наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија, напиша Мицкоски на фејсбук.

Скопје, 22 јануари 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил објави дека ја посетил црквата Св. Никола во Њу Џерси.
- Мојот приоритет е да ја одржиме врската со Македонците ширум светот. Освен посветеноста, работливоста, наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија, напиша Мицкоски на фејсбук. цр/са/
Фото: фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски