ВЛЕН: ДУИ нон грата во опозиција, Дрин Ахмети во ходниците на Обвинителството, заврши ерата навлијание во судовите
- Кога ќе се спомене ДУИ, не можеме да мислиме друго освен на злоупотреби и корупција. Сакаме да ја информираме јавноста за едно важно прашање поврзано со економската активност на компанијата “Еверест ЈД“ ДООЛ, која е во сопственост и управувана од Дрин Ахмети, внук на лидеротна ДУИ нон грата, Али Ахмети. Според достапните информации, ова компанија не го платила концесискиотнадоместок за експлоатација на минерални суровини налокацијата “Буковиќ“, со што ги прекршила законите и прописите.

Скопје, 22 јануари 2025
Кога ќе се спомене ДУИ, не можеме да мислиме друго освен на злоупотреби и корупција. Сакаме да ја информираме јавноста за едно важно прашање поврзано со економската активност на компанијата “Еверест ЈД“ ДООЛ, која е во сопственост и управувана од Дрин Ахмети, внук на лидеротна ДУИ нон грата, Али Ахмети. Според достапните информации, ова компанија не го платила концесискиотнадоместок за експлоатација на минерални суровини налокацијата “Буковиќ“, со што ги прекршила законите и прописите.
Оваа не одговорна постапка претставува сериозен облик на нетранспарентност и злоупотреба на привилегиите дадени за експлоатација на природните ресурси и поради оваа причина, коалицијата ВЛЕН иницира да се преземат итни и целосни мерки за расветлување на ова прашање.
Со гордост ја споделуваме оваа информација, бидејќи со несаканата транзиција на ДУИ во опозиција, заврши и заштитата или поддршката во судовите и обвинителството. Затоа, ова е знак дека завршува ерата на политичко влијаниеврз институциите кои треба да бидат целосно не зависни и не засегнати во работата на правосудството.
По откривањето на ова дело, Дрин Ахмети бил повикан од Обвинителството да даде објаснувања и се води истрага заовој случај. Коалицијата ВЛЕН, како дел од владата, ги повикува правосудните институции да постапат во согласност со законот и да обезбедат безбеден и транспарентен истражен процес, за да се избегне каква билоформа на политичко влијание за конечната одлука да биде целосно заснована на законите на нашата земја. А злонамерниците како Дрин Ахмети ќе ја добијат заслужената казна.
Коалицијата ВЛЕН со целосна решителност и максимална одговорност ги поддржува сите напори овој случај да се постапува со професионалност и непристрасност за да севоспостави ред и законитост во оваа област.
Коалицијата ВЛЕН будно ќе го следи ова прашање и ќе биде неприкосновна во борбата за транспарентност и правда и никогаш нема да толерира злоупотреби. Ги уверуваме граѓаните дека сме тука да ги откриеме сите измами поврзани со ДУИ нонграта и дека ќе има одговорност за сите.
ВЛЕН е коалиција на сите граѓани, ВЛЕН не се залага за внуци туку за секој од вас. Секој граѓанин ужива почит и еднаков третман од најголемата албанска коалиција, ВЛЕН.
ВЛЕН
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.