• четврток, 21 ноември 2024

Анчелоти за Дортмунд: Играме против екипа која заслужува да биде во финалето на Лигата на шампионите

Анчелоти за Дортмунд: Играме против екипа која заслужува да биде во финалето на Лигата на шампионите

Лондон, 28 мај 2024 (МИА) - Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека Борусија Дортмунд сосема заслужено се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.

Во сабота „кралскиот клуб“ од 21 часот на лондонски „Вембли“ ќе ги одмери силите со „милионерите“ од Дортмунд.

-Нема да кажеме дека сме фаворити, играме против екипа која заслужува да биде во финалето на Лигата на шампионите. Знам дека ќе биде битка како и во секое друго финале. Во претходните фази од натпреварувањето, Борусија елиминира силни тимови како Атлетико и ПСЖ“, рече Анчелоти за официјалната веб-страница на Европската фудбалска централа (УЕФА).

Тој истакна дека е среќен што Реал повторно ќе игра во финалето на Лигата на шампионите. Анчелоти во својата тренерска кариера освои четири трофеи во Лигата на шампионите, по два со Милан и Реал Мадрид.

-Најмногу емоции доживеав играјќи во ова натпреварување, а страста ме турка напред, додаде италијанскиот тренер.

Анчелоти истакна дека Лука Модриќ и Тони Крос се клучни играчи за Реал.

-Кај нив квалитетот на минутажата е поважен од квантитетот, но и двајцата имаа одлична сезона, заклучи Анчелоти. дс

Фото: Архива

Остани поврзан