• вторник, 05 ноември 2024

Андриј Јермак: Потребна е средба меѓу лидерите на Украина и Кина

Андриј Јермак: Потребна е средба меѓу лидерите на Украина и Кина

Киев, 27 август 2024 (МИА) - Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, изјави дека декларираниот неутрален став на Кина треба да вклучи средба со претседателот Володимир Зеленски, особено со оглед на тоа што кинескиот претседател веќе оствари неколку разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

- Декларираниот неутрален став на Кина подразбира средба. Гледаме колку пати диктаторот од Кремљ се сретнал со лидерот на Кина. Мислам дека средбата на Володимир Зеленски и Си Џинпинг е неопходна за одржување на неутралната позиција. Се надеваме дека тоа ќе се случи, изјави Јермак на форумот „Украина 2024. Независност“, пренесува Укринформ.

Тој исто така истакна дека претстојниот Втор мировен Самит треба да се одржи во некоја од земјите од глобалниот југ.

- Важно е вториот самит да се одржи во некоја од земјите од глобалниот југ. Засега не можам да кажам дека оваа локација е веќе одредена, бидејќи главниот услов е присуство на заеднички договорен план, на кој работиме. Мислам дека наскоро ќе биде завршен, додаде Јермак.

Тој истовремено изјави дека Украина не треба да се фокусира на тоа дали Русија ќе се согласи на преговори, туку треба да направи сè за да обезбеди поддршка за заедничкиот план од страна на повеќето земји.ссм/

фото: архива

Остани поврзан