ИДФ соопшти за нови напади врз Техеран
- Израелските безбедносни сили (ИДФ) на Телеграм објавија дека „почнале широк бран напади насочени кон инфраструктурата на иранскиот терористички режим во Техеран“
Тел Авив, 23 март 2026 (МИА) – Израелските безбедносни сили (ИДФ) на Телеграм објавија дека „почнале широк бран напади насочени кон инфраструктурата на иранскиот терористички режим во Техеран“.
Во источниот дел на Техеран утрово се слушнаа силни експлозии, а активирана е и иранската противвоздушна одбрана.
Израел и САД го нападнаа Иран на 28 февруари, а Техеран возврати со ракетни и беспилотни напади врз Израел и земјите сојузнички на САД во Персиски Залив. ми/ссм/
фото: МИА архива