• недела, 05 јануари 2025

Американскиот државен секретар Блинкен во посета на Сеул среде политичка криза во Јужна Кореја

Американскиот државен секретар Блинкен во посета на Сеул среде политичка криза во Јужна Кореја

Вашингтон, 4 јануари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска треба да пристигне во Јужна Кореја, која е зафатена од политичка криза.

Блинкен ќе се сретне со својот јужнокорејски колега Чо Те-џул за да разговараат за „сојузот меѓу Јужна Кореја и САД, соработката со Јапонија, прашањата поврзани со Северна Кореја, како и за регионалните и глобалните предизвици,“ соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.

Посетата доаѓа во период на политички хаос во Јужна Кореја, откако претседателот Јун Сук-јеол на 3 декември воведе воена состојба, која Парламентот набрзо ја поништи.  Обидот за негово апсење беше спречен од неговата лична заштита.

По посетата на Јужна Кореја, Блинкен ќе отпатува за Јапонија, а потоа и за Франција, каде што ќе разговара за војната во Украина и кризата на Блискиот Исток. ссм/

фото: архива

Остани поврзан