• среда, 01 мај 2024

Алкараз се повлече од АТП 500 турнирот во Барселона

Алкараз се повлече од АТП 500 турнирот во Барселона

Барселона, 14 април 2024 (МИА) - Третиот светски рекет Карлос Алкараз се повлече од турнирот од серијата АТП 500 во Барселона, објави прес-службата на натпреварувањето.

Претходно, Шпанецот најави дека ќе го пропушти Мастерсот во Монте Карло (9-15 април) поради проблеми со мускулите на левата рака и грбот.

Дваесетгодишниот Алкараз има 13 титули на АТП турнирите.

Турнирот во Барселона почнува утре и ќе трае до 21 април. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан