• недела, 21 април 2024

Алкараз призна дека повеќе би сакал олимписко злато од победа на „Ролан Гарос“

Алкараз призна дека повеќе би сакал олимписко злато од победа на „Ролан Гарос“

Мадрид, 13 февруари 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изјави дека освојувањето на олимпиското злато е поважна цел за него од освојувањето на Грен слемот „Ролан Гарос“.

- Би сакал олимписка титула бидејќи за мене е сон да и донесам медал на мојата земја. Олимпиското злато е една од најголемите работи во спортот воопшто. „Ролан Гарос“ е турнир на кој ќе бидам многу среќен да го освојам и се надевам дека ќе ги подобрам резултатите од минатата година, но не се чувствувам дека ако не го освојам ќе ми биде трн во око. Но, како и секој друг грен слем турнир, вреди, изјави Алкараз за „Sportskeeda“.

Отвореното првенство на Франција во 2024 година ќе се одржи од 20 мај до 9 јуни. 

Летните олимписки игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

Дваесетгодишниот Алкараз е победник на два Грен слем турнири (2022 УС Опен и 2023 Вимблдон) и 12 АТП турнири во сингл. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан