Новинар го искритикува Гвардиола: Имаш по двајца играчи од светска класа на секоја позиција, а кукаш за календарот
- Новинарот Пирс Морган го критикуваше тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откако се пожали на натпреварувачкиот календар на неговиот тим за оваа сезона.

Лондон, 21 април 2024 (МИА) - Новинарот Пирс Морган го критикуваше тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откако се пожали на натпреварувачкиот календар на неговиот тим за оваа сезона.
- Плачи повеќе, Пеп... Имаш по двајца играчи од светска класа на секоја позиција, платени од газди од Блискиот Исток, и кукаш за премногу натпревари, напиша Морган на социјалната мрежа Икс.
Гвардиола синоќа изрази незадоволство од распоредот на натпреварите на „Граѓаните“ откако го совлада Челзи (1:0) во полуфиналето на ФА Купот. зс/
Фото: ЕПА