• недела, 28 април 2024

МЗТ Скопје ја комплетираше полуфиналната „четворка“ во кошаркарскиот плејоф

МЗТ Скопје ја комплетираше полуфиналната „четворка“ во кошаркарскиот плејоф

Скопје, 20 април 2024 (МИА) – Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје вечерва го победи Гостивар со 96:70 и со експресни 3:0 ја заврши четвртфиналната серија од плејоф.

Претходно место во полуфиналето изборија ТФТ Моцарт, Работнички и на Пелистер. 

Двојки за полуфиналето:

МЗТ Скопје – ТФТ Моцарт

Работнички – Пелистер.

Сите серии во плејофот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“

Вечерва се одиграа и натпреварите од 4.коло на плејин:

Вардар – Кожув 82:70

ФМп Академија – Охрид 75:61. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан