• понеделник, 29 април 2024

Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија шампионската титула

Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија шампионската титула

Струмица, 20 април 2024 (МИА) – Со максимални 3:0 во финалната серија, одбојкарките на Работнички ја совладаа екипата на Струмица жени и го освоија шампионскиот трофеј.

Вечерва во Струмица во мечот број 3 од финалето на плејофот, Работнички славеше со 3:0 и без изгубен сет стигна до целта.

Струмица жени која сезонава го освои трофејот во Купот на Македонија, ќе чека друга шанса за да се искачи на тронот во македонското првенство. зс/

Фото: ОК Работнички Скопје

Остани поврзан