• сабота, 27 април 2024

Манчестер сити прв финалист во ФА Купот

Манчестер сити прв финалист во ФА Купот

Манчестер, 20 април 2024 (МИА) - Манчестер сити го совлада Челзи во полуфиналето на ФА Купот. Средбата одиграна вечерва на стадионот „Вембли“ во Лондон заврши со победа на „Граѓаните“ со 1:0.

Стрелец на победничкиот гол беше Бернардо Силва, кој погоди во 84. минута од натпреварот.

Манчестер Сити во финалето на ФА Купот ќе се соочи со победникот од дуелот Ковентри – Манчестер јунајтед. Натпреварот ќе се одигра в утре од 16:30 часот.

Манчестер сити е бранител на трофејот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан